Свет 02. октомври 2018. / 09:31

Северна Кореја има 20 до 60 атомски бомби

Северна Кореја има 20 до 60 атомски бомби

Јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мјонг-гјон пред пратениците изјави дека Северна Кореја во својот нуклеарен арсенал има од 20 до 60 бомби.

Ова е првпат еден висок јужнокорејски функционер јавно да зборува за обемот на тајниот арсенал нуклеарно оружје на Пјонгјанг.

Министерот Чо Мјонг-гјон ова го изјави вчера, како одговор на пратеничко прашање, напоменувајќи дека информацијата е добиена од разузнавачките служби.

Министерството на Чо соопшти дека неговата изјава не значи дека Јужна Кореја ќе ја прифати Северна Кореја како нуклеарна држава.