Во севернокорејскиот град Кесонг е прогласен целосен карантин откако едно лице за кое се сомнева дека е заразено со корона вирус нелегално ја минало границата, соопшти лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои корона вирус на нејзината територија.
Како што наведува државната агенција КЦНА, Ким Џонг-ун свикал анти-епидемиолошки состанок за да „преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Кесонг и изолирање од 24 јули на секоја одделна област од другите“.
Властите ќе се обидат да ги следат сите контакти на заболениот од Ковид-19 во последните пет дена.