Свет 26. август 2018. / 19:04

Северна Кореја ги обвини САД за подготовка за почеток на војна

Северна Кореја ги обвини САД за подготовка за почеток на војна

Северна Кореја ја обвини Америка за „подготовка на криминален заговор за почеток на војна против Пјонгјанг“, неколку дена откако е откажана посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на таа земја.

Севернокорејсите медиуми пишуваат дека единици на американската војска стационирани на Окинава извршуваат маневри со цел „упад во Пјонгјанг“.

– Америка е презафатена со тајни воени вежби со специјалните единици додека водат дијалог со насмевка на лицето. Пјонгјанг не може ништо друго туку да ги забележи двојните ставови на Вашингтон – пишуваат медиумите.

Според нив, таквите постапки докажуваат дека Америка подготвува „криминална завера за почеток на војна против Северна Кореја и извршување на злосторства кои заслужуваат немилосрдна божја казна“.