Масовната хистерија на американската левица, која почна уште вечерта кога беше избран Доналд Трамп, продолжува и понатаму. Неможејки да се помират со поразот на Хилари Клинтон, чија претседателска позиција беше предвидувана и посакувана долги години пред нејзината кандидатура, американската левица отвори масовен фронт кој се манифестира со безброј улични насилства, медиумски лаги, како и отоврена омраза кон целата администрација на Трамп и неговите поддрживачи.
Оправдано или не, дел од тој гнев врз своите плеќи понесе и актуелниот предлог на Трамп за во врховниот суд, судијата од округот Колумбија Брет Кавано. Како и со руските хакирања претходно, за кои беше докажано постоење, но не и дека Трамп имал некаква полза од нив, ниту дека Клинтон имала штета…така и Кавано е изложен на бескрајни непотребни испрашувања во врска со неговата лична биографија која левичарите би сакале да ја претстават како скандалозна, а самиот Кевано како наводен сексуален манијак. Во испитувањата во кои учество земаа стотици сведоци, сите обвиненија паднаа во вода.
Жените кои Кевано го обвинуваа за сексуално злоставување најнапред неможеа да одговорат зошто не поднеле тужба кога таквото злоставување се случило, туку тоа го прават сега. Една од наводните жртви, која тврдеше дека Кевано ја злоставувал во средно училиште, се испостави дека е помлада од него 4 години, односно дека Кевано бил на Универзитет во периодот кога злоставувањето наводно се случило. На крајот се појавија сведоци кои потврдија дека Кевано на 20 годишна возраст се соблекол гол во алкохолизирана состојба на забава која се случувала на плажа, и дека жената која го обвинува била само присутна на таквата забава без да има било каков контакт со Кевано.
Еден од најчитаните американски портали БРАЈТБАРТ, пренесува сведочења на уште десетици други наводни жртви, чии обвинувања се побиени со аргументи или од страна на директни сведоци. Постојат и такви “жртви” кои тврдат дека биле злоставувани со вулгарни шеги, со “непристојни предлози” додека една од жртвите го обвинува Кевано за допирање на градите кога и двајцата имале 13 години. Испитувањата продолжуваат и понатаму, американската левица не се откажува од идеата за комплетно саботирање на работата на администрацијата на Трамп, додека судијата Кевано е само еден таков случај.