Свет 01. јануари 2021. / 21:24

Сенатот на САД со поддршка од двете партии го поништи ветото на Трамп за буџетот за одбрана

Сенатот на САД со поддршка од двете партии го поништи ветото на Трамп за буџетот за одбрана

Американскиот Сенат денеска изгласа поништување на ветото кое претседателот Доналд Трамп го стави на законот за буџетот на Министерството за одбрана од 740 милијарди долари.

Со 81 спрема 13 гласови, ова е првпат за време на претседателството на Доналд Трамп негово вето да биде надгласано од страна на сенаторите.

Маргината го надмина двотретинското мнозинство потребно за присилно донесување на нацрт-законот заради приговорите на Трамп. Долниот дом го изгласа законот во понеделникот, исто така, собирајќи го двотретинското потребно мнозинство.

Ова е првото раздвојување на републиканците од Трамп, 20 дена пред да ја напушти позицијата.

Американскиот Сенат заседаваше во првиот ден од годината, што е невообичаено затоа што е празник. До тоа дошло затоа што републиканците преземале чекори да го поништат ветото кое Трамп го стави на големиот законски пакет за националната одбрана.

Трамп се огласи и на Твитер. Претседателот најави протест кој ќе се одржи во главниот град Вашингтон на 6-ти јануари, денот кога Конгресот треба да ги верифицира резултатите од претседателските избори.