Свет 22. јули 2019. / 20:14

Сенаторот Круз покрена резолуција: Групата радикални левичари Антифа да се прогласи за терористичка организација

Сенаторот Круз покрена резолуција: Групата радикални левичари Антифа да се прогласи за терористичка организација

Американскиот сенатор Тед Круз покренува Резолуција за групата радикални левичари, Антифа, да се прогласи за домашна терористичка организација.

Републиканските сенатори Круз и Бил Касиди, во четвртокот, покренаа барање за Резолуција со која милитантна левичарска група на антифашисти Антифа, за која се знае дека напаѓаат политички противници и новинари, ќе се категоризира како терористичка организација.

– Антифа е торористичка организација составена од омразени, нетолерантни радикали кои своите екстремни цели ги постигнуваат по пат на агресивно насилство. Нивните постапки одново и одново се покажуваат како нивна основна цел да нанесат штета на оние кои се против нивните ставови. – нагласи Тед Крус, сенатор од Тексас.

Тој додаде дека како и секоја тероритичка организација одлучиле да ги остваруваат своите политички цели со насилство, страв и заплашување.

– Мора да бидат сопрени. Горд сум што можам да ја претставам оваа резолуција со сенаторто Бил Касиди, за правилно да ги идентификуваме Антифа: домашни терористи. – заклучи сенаторот.

 

Сенаторот Касиди на Твитер додаде дека Антифа се терористи и маскирани насилници, кои се заштитени со либерални привилегии и наводно се борат против фашизмот.

Во резолуцијата се наведува дека оваа група дијаметрално е спротивна на вредностите на првиот амандман од Уставот на САД, за мирно здружување и слобода на говорот. Документот завршува со повик до федералната влада да ги преземе сите средства во борбата против ширење на домашниот тероризам во САД.