Свет 13. ноември 2019. / 10:19

Сенаторката Жанин Ањез се прогласи за претседател на Боливија, САД и Бразил веднаш ја признаа

Сенаторката Жанин Ањез се прогласи за претседател на Боливија, САД и Бразил веднаш ја признаа

Уставниот суд на Боливија го призна решението вториот потпретседател на Сенатот, опозициската сенаторка Жанин Ањез да ја преземе функцијата привремен претседател на земјата.  Ањез во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија, и покрај немањето кворум во текот на гласањето за нејзин избор, затоа што сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето.

По таквото прогласување на Ањез за претседателка, многу брзо стигна признавање од страна на САД и Бразил.

Моралес вчераутро ја напушти земјата и замина за Мексико каде што му беше одобрен азил.