Семејствата на децата кои беа заробени во поплавената пештера цели девет дена можат конечно да слават. Децата беа најдени живи.
Тајландските момчиња и нивниот тренер беа заробени во пештерата цело 9 дена. Специјализирани нуркачи ги пронајдоа после долга потрага низ матна вода и силни ветришта. Прерадосните роднини сега ќе мора да почекаат додека да го преминат патот од 3 километри до излезот.
-Ми олесна, специјалците кажаа дека пиел вода од дождот, вели мајка на едно од момчињата.
Храна, лекови и доктор се пратени на локацијата на групата.
-Премногу сум среќен. Бев дел од потрагата и ова е најдобрата награда за мојот труд, вели воен волонтер во спасувачката мисија.