Свет 07. март 2021. / 14:29

Семејства на загинати од Ковид-19 го тужат Борис Џонсон поради справувањето со пандемијата

Семејства на загинати од Ковид-19 го тужат Борис Џонсон поради справувањето со пандемијата

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството, бидејќи сакаат правда заради начинот на кој се однесувала државата во пандемијата.

Досега во Велика Британија починале 124.419 лица, што е најголем број на смртни случаи од овој вирус во една европска земја.

Велика Британија е петта во светот според бројот на смртни случаи зад САД, Бразил, Мексико и Индија.

Групата „Ожалените семејства кои бараат правда“ сака да ја принуди владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Британија се бори против пандемијата, објави „Дејли меил“.

Група адвокати од канцелариите на Пит Ведерби и Елкан Албрахамсон ќе им пишат овој месец на министрите, со цел да ги информираат дека се спроведува судска ревизија.

Досега, Џонсон одбил да нареди експертско испитување на владиниот одговор на пандемијата на ковид, барајќи прво да се намали ризикот од нови инфекции.

Адвокатите велат дека огромен број Британци починале „непотребно, поради грешки на владата“ и дека истрагата мора да се спроведе и поради човековите права, пишува лондонски Тајмс.

Групата на ужалени семејства сакаат да спречат повторно да се случат голем број смртни случаи, и по тој повод тие напишаа порака на нивната веб-страница дека семејството и членовите на државата заслужуваат одговори.