Свет 14. февруари 2020. / 12:08

Секс скандал ја тресе Франција: Макрон остана без кандидат за градоначалник на Париз

Секс скандал ја тресе Франција: Макрон остана без кандидат за градоначалник на Париз

Поранешниот портпарол на француската влада Бенамин Гриво се повлече од трката за градоначалник на Париз, откако в јавноста протече компромитирачка снимка од сексуална природа.

По повлекувањето на Гриво, партијата на претседателот Емануел Макрон отана без кандидат за градоначалник на локалните избори наредниот месец.

Гриво повлекувањето од трката го најви утрово, наведувајќи дека е мета на „злоби напади“ на интернет просторот и на социјалните мрежи.

„Моето семејство не го заслужува ова. Никој никогаш не треба да биде цел на ваква злоупотреба“, рече Гриво.

„Гардијан“ објаснува дека во средата еден корисник на „Твитер“ објавил линк до видео-снимки со пораки упатени до жeна, кои што наводно ги пратил Гриво.