Свет 24. јуни 2020. / 14:40

Седуммина новинари во Турција oбвинети за откривање државни тајни

Седуммина новинари во Турција oбвинети за откривање државни тајни

Во Турција почна судењето на седуммина новинари кои се обвинети за наводно оддавање државни тајни во своите извештаи за погребот на еден претставник на безбедносните служби, кој е ликвидиран во Либија, пренесе АП.

На новинарите од порталот Одатв, на прокурдскиот весник „Јени Јасам“ и десничарскиот дневен весник „Јеницаг“, на товар им се става кршење на националните безбедносни прописи и оддавање тајни информации.