Рапидно се зголемува бројот на припадници во германските вооружени сили коишто припаѓаат на радикалната десниц, а во тек е истрага против 550 припадници на Бундесверот, објави „Велт ам зонтаг“.
– Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница – вели директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грам во интервју за весникот.
Грам предупредува за наглото зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.
– Триста и шеесет нови случаи се регистрирани само минатата година – истакнува Грим.
Грам објаснува дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикално десничарската сцена, а кај 40 други биле пронајдени „недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.
Грем објаснува дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски погледи биле откриени меѓу припадниците на специјалните сили.
– Процентот на војници со таков поглед на светот кај Специјалните сили е петпати поголем отколку во остатокот од Бундесверот – потенцира Грим.