Најмалку 39 лица починаа, а 27 се разболеле во неколку села на северот од Индија откако испиле евтин фалш ликер кој содржи отровен метанол, соопштија денеска официјалните лица.
Во два одвоени инциденти во индиската држава Утар Прадеш починаа 26 лица, додека 13 лица починаа во соседната држава Утараханд.
Полциијата уапси осум лица осомничени за криумчарење, а властите суспендираа 35 службеници, меѓу кои и 12 полицајци.
Смртноста поради конзумација на илегално направени алкохолни пијалоци е се поголема, зошто сиромашните не можат да си ги дозволат познатите брендови, а нелегалните пијалоци се често направени од хемикалии како што се пестицидите.