Голем пожар изби во магацин со гласачки ливчиња од гласањето на парламентарните избори во Ирак, одржани на 12 мај, а кои треба повторно да бидат пребројани. Ирачките власти соопштија дека поголем дел од гласачките кутии не изгореле во пожарот, за чие избувнување се уште не е позната причината.
Претставник на изборната комисија, Имед Џамил, изјавил дека една сала со опрема за гласање е уништена во пожарот.
Како што пренесуваат ирачките медиуми, треба да се пребројат десет милиони гласачки ливчиња, за да се проверат тврдењата дека имало манипулации за време на изборите на кои победи шиитскиот националистички лидер, Моктада Садр.