Свет 25. март 2020. / 21:15

Се урна руски воен авион, пилотот загина

Се урна руски воен авион, пилотот загина

Во пад на руски воен школски авион „Л-39“ во регионот на Краснодарск загинал пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Борбениот школски авион се урна денеска во текот на рутиnски лет во регионот на Краснодарск, околу 16 часот по московско време – соопштија од министерството.

Авионот не бил вооружен, а пилотот, кадет на военото училиште,  не успеал да се катапултира.

Спасувачките екипи се не терен и работат на увидот на местото на падот на авионот.