Свет 25. септември 2019. / 11:38

Се урна индиски борбен авион – екипажот успеа да се катапултира

Се урна индиски борбен авион – екипажот успеа да се катапултира

Индиски воен авион се урнал над градот Гвалиор. Четирите члена од екипажот успеале да се катапултираат.

Авионот „Миг 21“ на индиското воено воздухопловство кој се урнал бил на тренинг лет. Авионот се урнал околу 10 часот наутро, по локално време, во близина на авионската базата во Гваилор, соопштија од индиското министерство за одбрана.

Индиските воздухопловни сили до сега изгубиле 10 авиони и тоа само во 2019-та, а според официјалните податоци 33 авиони, меѓу кои 19 борбени се урнале во 2015-та.