Хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, при што загинаа тројца припадници на Националната гарда, соопштија властите.
– Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во близина на малиот град Мендон во близина на Рочестер, изјави Ерик Дар, директор на одделот за воени и поморски работи на државата Њујорк.
Истрагата за околностите на несреќата е во тек. Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром во Рочестер.
A helicopter has been hovering near the crash pic.twitter.com/rhRnEIcTLr
— Tina MacIntyre-Yee (@tyee23) January 21, 2021