Свет 26. јули 2018. / 22:01

Се урна авион и загина министер

Се урна авион и загина министер

Министерот за земјоделство на Парагвај, Луис Гнеитинг, и уште тројца патници загинаа во авионска несреќа што се случи синоќа. До несреќата дошло кога малиот авион со кој летале се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во Ајолас.

Покрај Гнеитинг, загинале и заменик-министерот Висенте Рамирес, пилотот и копилотот.

„Авионот „бичкрафт барон“ со два мотора падна набргу по полетувањето од аеродромот во Ајолас, околу 380 километри јужно од престолнината Асунсион“, наведе Рубен Агилар, претставник на цивилната воздухопловна служба.

Агилар навел дека истражителите ќе се обидат да ја утврдат причината за несреќата.