Два борбени авиони се судриле на небото над Германија во близина на градот Малхов, објави „Билд“. Се претпоставува дека пилотите навреме се катапултирале, меѓутоа постои опасност остатоците да паднале на населена област.
Засега полиција не дава никакви информации за случајот.