Свет 08. јануари 2021. / 20:03

Се судрија два авиони во Русија, тројца загинати

Се судрија два авиони во Русија, тројца загинати

Мал авион кој денеска падна во Ленинградската област во Русија се судрил пред несреќата со друг авион, при што три лица загинале, јави ТАСС.

Според прелиминарните податоци, лесен авион без патници се судрил со друг лесен авион во кој имало пилот и двајца патници, рече извор од канцеларијата на обвинителот.

Првиот авион слетал со помали оштетувања, а пилотот не е повреден, но сите тројца од другиот авион загинале, потврди обвинителот, а истата информација ја потврди и извор од службата за вонредни ситуации.

Руското министерство за вонредни ситуации претходно соопшти дека еден лесен авион паднал во Ленинградската област при полетувањето од аеродромот Гостилитски денеска попладне кога е пријавена штетата.