Голема несреќа синоќа во Рим. Поради дефект на ескалаторот на метро станицата „Република“, подвижните скали во еден момент се срушија, а тоа резултираше со повредени (според последните информации) околу 30 луѓе, од кои 8 се тешко повредени.
Римскиот весник „Messaggero“ наведува дека несреќата се случила во периодот на најголемиот шпиц, во 19 часот, а повеќето од повредените се навивачи на ЦСКА, кои биле на пат кон стадионот „Олимпико“ за да присуствуваат на фудбалскиот меч од Лигата на шампионите против Рома. Весникот наведува и дека на еден од Русите останал без нога, која поради повредите му била ампутирана.
Дел од навивачите и повредените се нашле заробени меѓу парчињата метал, а медиумите пренесуваат дека руските навивачи трчале во паника низ скалите кон излезот на станицата, соборувајќи ги останатите кои се симнувале кон метрото, што резултирало со уште повеќе повредени.
Како што пренесува италијанската агенција АНСА, еден навивач завршил и со ампутирано половина стапало, додека друг е одведен во болница поради фрактури на коските.