Свет 24. јули 2019. / 13:49

Се посрамоти: Иванка Трамп му честиташе на Џонсон што стана премиер на непостоечка држава

Се посрамоти: Иванка Трамп му честиташе на Џонсон што стана премиер на непостоечка држава

Иванка Трамп му честита на Борис Џонсон за тоа што стана премиер на Велика Британија, но направи грешка при пишувањето на Твитер.

Ќерката на американскиот претседател – кој и самиот е познат по грешки во пишувањето на неговата омилена социјална мрежа – напиша „United Kingston“, наместо „United Kingdom“, пренесува „Хафпост“.

Иванка подоцна го избриша твитот и напиша нов, овој пат со вистинската држава. Но, нејзината грешка не остана незабележана на интернет.