Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд донесе пресуда дека Обвинителството може да отвори истрага за наводни воени злосторства извршени во Авганистан.
Одлуката отвора пат главната обвинителка Фату Бенсоуда да отвори истрага за воени злосторства во Авганистан, како и злосторства против човештвото извршени за време на конфликтот од страна на талибанците, редовните авганистански сили и американските воени и разузнавачки структури.
САД не се членки на МКС и не ја признаваат неговата надлежност, но Авганистан е член и ја признаваат.
Според ОН, само во 2019 година, скоро 3.500 цивили загинаа, а 7.000 други беа повредени во војната во Авганистан.
– Обвинителката има овластување да отвори истрага за наводни злосторства извршени во Авганистан од 1 мај 2003 година – изјави судијата Пјотр Хофмански.
Меѓународниот кривичен суд е основан во 2002 година за да суди за најголемите злосторства на меѓународно ниво.