Свет 07. декември 2020. / 15:07

Се очекува вакцинација на Кралицата Елизабета против Ковид-19

Се очекува вакцинација на Кралицата Елизабета против Ковид-19

Британската кралица Елизабета Втора, и Принцот Филип, треба да ја примат вакцината против Ковид-19 во следните недели, а со самото тоа и да охрабрат што е можно повеќе британци да го сторат истото.

Блиски извори на кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94), и нејзиниот сопруг принцот Филип (99), без посебен третман, ќе стојат во ред со другите британци во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст од 80 и повеќе години, објави порталот “Дејли Меил”.

Кралската двојка се очекува да прифати да се вакцинираат по препораката на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против Ковид-19.

Вакцинацијата со вакцината на Фајзер во Велика Британија треба да започне во вторник.