На Филипините започна евакуацијата на илјадници луѓе од крајбрежните зони на север од архипелагот, бидејќи се предвидува дека в сабота ќе пристигне исклучително силниот тајфун Мангхут, придружуван од ветрови со брзина од 255 километри на час.
Во тек е евакуацијата на илјадници луѓе од брегот на Лузон, главниот остров на Филипините, каде што се очекува Мангхут во првите часови в сабота.
Од Филипинската метеоролошка агенција известуваат дека Мангхут е најсилната тропска бура во оваа година.