Свет 13. јануари 2021. / 14:52

Се нуди награда: ФБИ објави фотографии од осомничениот за поставување на бомби во Вашингтон

Се нуди награда: ФБИ објави фотографии од осомничениот за поставување на бомби во Вашингтон

Американското Федерално истражно биро објави фотографија од осомничениот за кој се верува дека поставил бомби во Вашингтон минатата седмица за време на нередите во Капитол.

Се верува дека бомбите се поставени во истото време кога поддржувачите на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот и се судрија со полицијата.

ФБИ понуди и награда од 50 илјади долари за информација која би довела до апсење на едно или повеќе лица кои се одговорни за поставувањето на бомбите на 6-ти јануари.

Една бомба била поставена пред канцеларијата на републиканскиот и демократскиот одбор во Вашингтон, а засега не е познато дали на овие фотографии се наоѓа едно или повеќе лица облечени во слична облека.

ФБИ ги замоли сите граѓани кои можеби ќе ја препознаат облеката или некои други детали, веднаш да им се јават.