Денеска изби голем пожар во строгиот центар на бразилски Сао Паоло, Бразил. Огнот зафати две згради, а едната од нив, девекатница, се урна.
Како што јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на изјави на сведоците, се слушале врисоци и повици за помош од зградата во пламен. Најмалку три лица се сметаат за исчезнати, јавува весникот Естадао. Со пожарот се борат 160 пожарникари со 57 пожарникарски возила.