Свет 14. октомври 2019. / 10:56

Само за елитата: Велика Британија лансира дебитни карти од чисто злато

Само за елитата: Велика Британија лансира  дебитни карти од чисто злато

Британскиот кралски монетарен одбор  објави дека е изработена  првата платежна картичка направена од скапоцен метал и носи карактеристични обележја. Финансискиот производ е развиен во партнерство со Мастеркард .

Кредитната картичка  е изработена од 18 каратно злато, врежано со името и презимето на нејзиниот носител. Кралскиот монетарен одбро  истакнува  дека производот е дизајниран за „оние кои вреднуваат висококвалитетни луксузни предмети.

Сопствениците на овој вид картички добиваат и посебна сметка наречена Рарис, која нема ограничување на трошење, валутни провизии и такси за трансакции.