Свет 25. март 2019. / 19:41

Сакале да снимаат со мобилни и загинале во поплава

Сакале да снимаат со мобилни и загинале во поплава

Најмалку 17 лица загинаа , а 74 се повредени во големите поплави што ги зафатија јужните делови на Иран.

Според иранската државна телевизија , најголемиот број од загинатите настрадале додека се обидувале со мобилните да ги снимат поплавите. Во поплавите во близина на градот Шираз , голем број лица се водат за исчезнати.

Поплавите се резултат на силните дождови во регионот што ги зафатија провинциите Фарс, Курдистан , Ком и Исфахан , а поплави се можни и во главниот град Техеран.

И на северот на Иран веќе една недела населението се бори со поплавите , каде во Голестан и Мазандаран загинаа најмалку пет лица.