Свет 17. ноември 2019. / 15:45

САД воведоа санкции за кубанскиот министер за внатрешни работи

САД воведоа санкции за кубанскиот министер за внатрешни работи

САД воведоа санкции кон кубанскиот министер за внатрешни работи Хулио Сесар Гандарило Бермехо, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Помпео на Твитер објави дека кубанското Министерство за внатрешни работи, предводено од Бермехо, се впуштило во грубо кршење на човековите права во Венецуела, произволно уапсиле илјадници кубански граѓани и незаконски привеле повеќе од 100 политички затвореници.


Стејт департментот објави соопштение на сајтот во кое се осудува „репресијата врз човековите права и основните слободи“ на Куба.