САД повлекуваат речиси 12.000 војници од Германија по повикот на претседателот Доналд Трамп за намалување на американската воена распространетост ширум светот, како што ја опиша, „поради прекумерно трошење во одбраната“.
Според планот, 5600 американски војници ќе бидат распоредени од Германија во други сојузници на НАТО, вклучувајќи ги Белгија и Италија.
Уште 6400 ќе се вратат во САД, иако повеќето од овие сили како што опиша Пентагон, ќе бидат пренасочени кон „континуирана ротација“ во регионот на Црното море.
„Овие промени ќе ги зајакнат цврстите принципи на САД и НАТО за одбивање на Русија, јакнење на Алијансата и унапредување на американската стратешка флексибилност“, изјави секретарот за одбрана Марк Еспер.
Еспер и други официјални лица од Пентагон најавија дека распоредувањето ќе почне во следните недели, иако не беа објавени детали.
Засега не се познати трошоците од ваквите промени со американските сили во Европа, но процените се дека најверојатно ќе бидат потрошени неколку милијарди долари.