Свет 30. март 2020. / 23:03

САД одобрија нови лекови против Ковид-19: Тие се „дар од Бога“, вели Трамп

САД одобрија нови лекови против Ковид-19: Тие се „дар од Бога“, вели Трамп

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во неделата ја одобри употребата на антималарични лекови хлорохин и хидроксихлорокин за борба против коронавирусот, но исклучиво во болниците.

Министерството за здравство соопшти дека ФДА даде зелено светло дека овие лекови се „пропишани од лекарите на адолесценти и возрасни пациенти, кои биле хоспитализирани поради  Ковид-19 но по потреба.

Поголеми клинички испитувања за ефектите од овие лекови врз коронавирусот се започнати во неколку земји, откако една мала студија на примероци откри дека лековите се ефикасни.

Претседателот на САД, Доналд Трамп,  на 24 март рече дека има добри шанси лековите да имаат огромно влијание, нарекувајќи ги „подарок од Бога“.

Американските здравствени власти ги предупредуваат граѓаните да не земаат лекови на своја рака. Жител на Аризона починал откако испил хлорохиден фосфат, агенс користен за дезинфекција на аквариуми.

Американскиот Национален институт за здравство (NIH) и Агенцијата за напредно истражување и биомедицински развој (BARDA) работат на клинички испитувања.

Испитувањето на комбинацијата на хидроксихлорокин и антибиотикот азитромицин треба наскоро да почне во Њујорк.

Соединетите држави имаат повеќе од 140.000 заболени случаи и 2.489 мртви, според универзитетот Џон Хопкинс.