Соединетите Американски Држави ја повикаа Русија да го уништат новиот систем за лансирање на ракети, кој според нив директно ги прекршува правилата на меѓународниот пакт за користење на нуклеарна сила со среден домет и ја обвинија Москва за дестабилизација на глобалната безбедност, пренесува „Ројтерс“.
Амбасадорот за разоружување на САД, Роберт Вуд за медиумите изјави дека рускиот систем може да носи и да лансира и конвенционални и нуклеарни боеви глави и претставува „директна закана за Европа и Азија“, бидејќи неговиот домет изнесува од 500 до 1,500 километри.
Минатата недела САД го одби предлогот на Русија да се зачува меѓународниот пакт кој има за цел да ги задржи нуклеарните ракети надвор од Европа бидејќи не постола можност правилно да се верификува, со што следната недела САД планира да се повлече од пактот следниот месец.