Вашингтон и Брисел подготвуваат стратегија за да и се спротистават на Русија на Балканот, изјави заменик-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, пренесува „Блумберг“.
Според неговите зборови, САД се заинтересирани за зачувување на стабилноста во регионот, додека Русија сака да направи хаос.
Палмер за време на неговата посета во Загреб изјавил дека Русија упорно се обидува да го поремети договорот кој недамна го постигнаа Грција и Северна Македонија, како и да ги разбесни Србите во Босна и Херцеговина, пренесува „Блумберг“.
-Додека САД и нашите партнери сакаат мир втемелен на законите и на транспарентноста, Москва посакува хаос и недоверба, додаде заменик-државниот секретар на САД.
Палмер повтори дека САД би сакале Косово да ги укине таксите на производите од централна Србија, со цел да продолжи дијалогот со Белград.