Свет 16. декември 2018. / 12:15

САД го поздрави формирањето на автокефална православна украинска црква

САД го поздрави формирањето на автокефална православна украинска црква

Амбасадата на САД во Киев ги поздрави Украинците за формирањето автокефална православна црква. Објавата беше на официјалната страница на дипломатската мисија на Твитер.

– Ја поздравуваме Украина за историскиот собор и формирањето независна Украинска православна црква и силно го поздравуваме митрополитот Епифаниј за неговиот избор за челник на новата црква. – се вели во соопштението.

– Го поддржуваме правото на сите Украинци да веруваат по сопствено убедување. – се доава во соопштението.

Цариградскиот патријарх Вартоломеј планира да му врачи на митрполитот Епифаниј томос (указ) за автокефалност на 6 јануари.