Федералната трговска комисија (ФТЦ) на САД, во рамки на антимонополската истрага против Фејсбук, утврдува со какви цели оваа компанија купувала други компании и дали ја попречила конкуренцијата во технолошкиот сектор на САД.
Цел на активностите на ФТЦ е да потврди дали компанијата имала намера преку такви зделки да елиминира потенцијални конкуренти на пазарот, објави синоќа „Волстрит Журнал“, повикувајќи се на неименувани извори од истрагата. Во моментов регулаторот ги интервјуира основачите на компаниите што се купени од Фејсбук за понатамошно разјаснување на ситуацијата.
Според аналитичката агенција „Стандард & Пур Глобал“ во изминатите 15 години Фејсбук се стекна со околу 90 компании, вклучувајќи ги „Инстаграм“ и „Ватсап“. Самата компанија инсистира дека тие зделки одат во прилог на активен развој на иновации што на крајот на краиштата придонело во зголемување на бројот на корисниците.
Како што е познато, ФТЦ веќе го казни Фејсбук со рекордни пет милјарди долари за кражба на лични податоци и нарушена приватност на корисниците на социјалната мрежа.