Холандскиот премиер Марк Руте ја отфрли идејата за создавање европска војска, која ја предложи францускиот претседател Емануел Макрон.
– Идејата за европска војска оди предалеку за Холандија. НАТО е и ќе остане камен темелник на нашата одбранбена политика. – рекол Руте по состанокот на неговиот кабинет, пренесе Ројтерс.
Францускиот претседател, Макрон претходно се заложи за идејата за формирање европска војска, со која би била постигната помала одбранбена зависност од НАТО, што наиде на остра осуда од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.