Свет 15. јануари 2019. / 19:33

Руските власти денеска им го продолжија притворот на украинските морнари

Руските власти денеска им го продолжија притворот на украинските морнари

Московскиот суд ,,Лофортово” до 24 април им го продолжи притворот на 12 од вкупно уапсените 24 морнари , меѓу кои и нивниот заповедник Денис Гриценко.

Морнарите се уапсени кон крајот на ноември , кога со пукотници беа запрени три украински воени бородови со 24 морнари на влезот во Азовското Море.

Русија ги обвини дека илегално се обидуваат да влезат во руските територијални води , по што почна најголемата криза меѓу двете земји по примирјето во 2014.