Свет 10. јули 2020. / 11:06

Руските клинички испитувања на вакцината влегуваат во последната фаза

Руските клинички испитувања на вакцината влегуваат во последната фаза

Руското Министерство за одбрана и Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ ја почнаа последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против корона вирусот.

Според соопштението на Министерството за одбрана, тестирањето на првата група доброволци кај кои е испитувана безбедноста и толеранцијата на вакцината, ќе заврши на 15 јули.

На друга група доброволци кај кои се тестира ефикасноста и имуногеноста на вакцината, ќе им биде инјектирана друга состојка на вакцината против корона вирусот.

Во втората фаза, целта е да се зајакне имунолошкиот систем и да се продолжи ефектот на вакцината.

Волонтерите се чувствуваат добро, немаат никакви проблеми или несакани ефекти, а првата група ќе биде отпуштена од воената болница Бурденко откако ќе ги помине завршните тестови.

Резултатите од тестовите на вакцината за Ковид-19, спроведени на група волонтери во Русија, покажуваат дека тие развиваат имунитет на корона вирусот – се вели во соопштението на руското министерство.