Руските банки до 28 април одобриле бескаматни кредити за исплата на плати за вкупно 30 милијарди рубли (околу 375 милиони евра), соопшти шефот на Одделот за заштита на потрошувачи и пристап до финансиски услуги на Руската банка, Михаил Мамута.
Руската Влада неодамна усвои пакет мерки за поддршка на бизнисот поради пандемијата со Ковид-19.
За бизнис заедницата беше покрената програма за заеми без камати за бизниси што претрпеле најмногу од пандемијата. Обемот на секој заем е во согласност со износот на една минимална плата, која во моментов е во земјата е 12.130 рубли за секој вработен во компанијата.