Маж и жена кои беа пронајдени во бесвесна состојба во Ејмзбери, биле изложени на новичок, нервниот агенс, со кој недалеку од тоа место во март беа отруени и поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, соопшти британската полиција.
Медицински експерти ги предупредиле луѓето кои се нашле во близина на истата област, каде била отруена двојката, да преземат мерки за претпазливост и да ја исперат својата облека.
Како што пренесува Би-Би-Си, двојката е во критична состојба, а според информациите се работи за Чарли Роули (45) и Дон Старџис (44), кои се пронајдени во саботата во бесвесна состојба.
Ејмзбери се наоѓа во јужна Англија, на само 13 километри од Солсбери, каде на 4 март беа пронајдени Скрипал и неговата ќерка.