Руски научници тестираат методи на примена на хелиумот во лечење на корона вирусот.
Прес-службата на Одделението за здравство на Русија соопшти дека руски апарат за терапија со хелиум моментално се тестира во научно-истражувачкиот Институт за итна помош „Склифосовски“ во Москва. оттаму велат дека новитетот веќе предизвикал голем интерес во 10 земји, меѓу кои се САД и Франција.
Како што се наведува во соопштението, лечење на акутни болести на белите дробови со помош на хелиум е ефикасно поради посебното својство на тој гас. Според мислењето на експертите, хелиумот може да спречи хипоксија, што може да придонесе за рана превенција на компликации, предизвикани од корона вирусот.
Технологијата е експериментална и ќе се спроведува со помош на посебен уред. Пациентот 15 минути вдишува хелиум оксид загреан на 92 степени. Истовремено, се подобрува дифузијата на кислород низ алвеоларната мембрана при појачаниот проток на крв во белите дробови, се смалува отпорот на дишните патишта, при што мускулите се опуштаат. На таква температура можно е слабеење на вирусот, но пациентот нема да се чувствува непријатно поради високата температура. Процедурата може да се спореди со посета на сауна – се наведува во објаснувањето за терапијата.
Од руското одделението за здравство објаснуваат дека хелиумот го подобрува снабдувањето на крвта и микроциркулацијата на различни ткива во организмот, што е многу важно, затоа што нарушената микроциркулација е една од главните причини за смрт од корона вирусот.