Свет 01. април 2020. / 15:50

Руски научници на праг од развивање лек за корона вирусот користејќи ја крвта на оздравените

Руски научници на праг од развивање лек за корона вирусот користејќи ја крвта на оздравените

Научниците од рускиот Институт за хемиска биологија и фундаментална медицина се подготвени за 30 дена да развијат лек за корона вирусот врз основа на крвта на пациентите кои закрепнале од инфекцијата, соопшти прес-службата на Институтот.

Експерименталниот лек за специфична терапија на корона вирусот претставува збогатена фракција од антивирусни имуноглобулини во крвта извлечен од плазмата на пациенти кои оздравеле од заразата.

За лекот ќе бидат потребни 500 мл крвна плазма, а ќе се даваат интравенозно.

Научниците се убедени дека таквиот лек ќе биде целосно стерилен и без пироген, односно нема да содржи производи од метаболизмот на микроорганизмите.