Руски истражувачи кои работат на вакцина против корона вирусот развиле имунитет на инфекцијата откако ја провериле на себеси.
Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеа на заштита за да можат да продолжат да работат. Сите се живи, здрави и среќни. Сите што беа вклучени во развојот се заштитени – изјави директорот на центар „Гамалеј“, Александар Гинцбург.
Гинцбург не информира колку луѓе ја примиле вакцината која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.
Гинцбург посочи дека истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе.