Свет 10. мај 2020. / 20:00

Руски институт: Речиси е невозможно да се заразите со корона вирус на море или езеро

Руски институт: Речиси е невозможно да се заразите со корона вирус на море или езеро

Веројатноста за зараза со корона вирус при топло време на отворени водени површини, како море или езера е минимална, соопшти Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија.

Корона вирусот е респираторен вирус кој предизвикува акутни респираторни вирусни инфекции. Тој се пренесува од човек на човек преку воздушни капки и заразени површини. Во однос на отворените води, постои можност од зараза со бактериска или цревна инфекција, но не и со корона вирус. Тој е нестабилен при горештини, така што отворената вода дополнително го намалува ризикот од инфекција – објаснува Михаил Лебедев од Институтот.

Експертот потенцира дека способноста на вирусот да преживее на отворено е многу мала.

Вирусот кој предизвикува Ковид-19 е внатреклеточен паразит, кој живее во човечки клетки, тоа е негово природно живеалиште. Но, во околината или на површините, неговата одржливост драстично се намалува, особено кога е топло надвор. Кога се загрева на 30 степени или повеќе, ја губи својата способност. Но, во никој случај не треба да се заборави дека опасноста од пренесување од човек на човек по воздушно-капков пат не е засегната од топлината – потенцира Лебедев.