Министерот за здравство, Михаил Мурашко, најави дека масовната вакцинација против вирусот корона во Русија е планирана за октомври.
Руската вакцина против вирусот „Ковид-19“, направена од центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12 август, а таа ќе биде прва што ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, рече денес рускиот заменик министер за здравство Олег Гриднев.
Сега е во тек последната, трета фаза на тестирање. Тестирањето на вакцините е многу важно. Треба да разбереме дека вакцината мора да биде безбедна. Прво, медицинските работници и старите лица ќе бидат вакцинирани – рече Гриднев и додаде дека ќе може да се процени ефективноста на вакцината само кога ќе се формира имунитет кај популацијата, рече тој.
Претходно, министерот за здравство, Михаил Мурашко, најави дека масовната вакцинација против вирусот корона во Русија е планирана за октомври.
Клиничките испитувања на вакцината, изработени од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, започнаа на универзитетот Сеченов на 18 јуни, а на тестирањето учествуваа 38 доброволци, од кои сите се стекнаа со имунитет на вирусот корона.