Свет 14. декември 2018. / 13:05

Руската православна црква ги повика Обединеите нации да ги заштитат верниците во Украина

Руската православна црква ги повика Обединеите нации да ги заштитат верниците во Украина

Руската православна црква ги повика Обединеите нации, лидерите на германија и на Франција, папата и другите верски лидери да ги заштитат верниците во Украина од притисокот на државата врз свештениците.

Украинските православни свештеници ќе се соберат во сабота на состанок на кој се очекува формирање независна Украинска црква, додека властите го зајакнаа притисокот на свештениците да го поддршат тој протест.

Украинската црква со векови е дел од Руската православна црква.

РПЦ денеска соопшти дека патријархот Кирил пратил писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, папата Франциск, кентерберискиот надбискуп и други верски водачи, и ги повикал да ги заштитат свештениците, верниците и нивната вера во Украина.