Свет 21. мај 2020. / 17:45

Руската академија на науките: Епидемијата е непредвидлива, нема да има вакцина уште долго време

Руската академија на науките: Епидемијата е непредвидлива, нема да има вакцина уште долго време

Претседателот на Руската академија на науките, Александер Сергејев, предупреди дека ситуацијата со корона вирусот во Русија и понатаму е непредвидлива.

Сергејев посочи дека фактот што стапката на смртност се уште не се намалува предизвикува сериозна загриженост.

Ситуацијата е многу непредвидлива ако се земе предвид развојот на епидемијата. Првиот пристап кон ублажување на мерките на карантин треба да биде врз основа на стапката на морталитет, односно кога навистина таа ќе почне да се намалува. Засега ситуацијата е ризична, бидејќи смртноста не се намалува и тоа предизвикува сериозна загриженост – истакна Сергејев.

Тој нагласи дека вакцина против Ковид-19 не треба да се очекува во скоро време.

Процесот за развој на вакцина е многу долг. Ќе мора да почекаме барем неколку месеци. Дури и предклиничките тестови да дадат позитивни резултати, тоа не е гаранција дека ќе покаже такви резултати во текот на клиничкото тестирање – изјави Сергејев.

Русија засега се наоѓа на второ место во светот по бројот на заразени со корона вирусот – 308.705, а има 2.972 смртни случаи.