Свет 22. август 2018. / 14:05

Русин уапсен во Германија поради планирање на терористички напад

Русин уапсен во Германија поради планирање  на терористички напад

Германските власти уапсија руски државјанин осомничен за планирање терористички напад во Германија заедно со исламистички екстремист, кој беше уапсен во Франција минатата година.

Сојузните обвинители објавија дека 31-годишникот, идентификуван само како Магомед Али К, бил уапсен денеска во Берлин, објави АП.

Тој, како што тврдат, во својот стан во октомври 2016 година складирал „значително количество“ експлозив ТАТП со цел да изврши напад во Германија, чие време и место останале непознати.

Сепак, обвинителите велат дека неговите планови и неговиот наводен соучесник Клемент Б. биле спречени од „превентивната полициска мерка”, по што тие одлучиле да се разделат.

Клемент Б. потоа отиде во Франција и беше уапсен во април 2017 година во Марсеј поради плановите да изврши напад во Франција.