Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека Москва почнала да испорачува модерни анти-ракетени системи С-300 до Сирија.
Претходно оваа недела, Русија објави дека ќе испорача ПВО-системи откако сириските сили реагираа на израелскиот напад во кој по грешка беше соборен руски извиднички авион, во кој загинаа 15 руски војници.
Овој случај доведе до регионални тензии, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го побара рускиот претседател Владимир Путин да го изрази своето жалење и да испрати воена делегација на високо ниво во Москва.
„Снабдувањето веќе започна”, изјави Лавров на прес-конференција за новинарите.
Тој додаде дека Русија „ќе преземе мерки за обезбедување на стопроцентна безбедностаи сигурност на Русите во Сирија”.